И ПОКРАЈ ПОРАЗОТ ОД ЕВРО-ШАМПИОНОТ

Миленковски и Турција во осминафиналето, ги чека Италија!

Јошко Миленковски и Турција продолжуваат со настапите на Европското првенство во Полска.

објавено: 29 август 2017 - 11:45

Пречка за пласман на нашиот стручњак и неговиот тим не беше ниту поразот со максимални (0-3), во дуелот против актуелниот европски првак – селекцијата на Франција.

По одигрувањето на третото коло од групната фаза, Турција остана на позицијата број 3, која ги носи во осминафиналниот бараж, и дуел со еден од топ фаворитите за највисок пласна, репрезентацијата на Италија.
Тој осминафинален меч е закажан за утре попладне, од 17.30 часот во „Сподек" Арената во Катовице.
Нашиот одбојкарски стратег не очајуваше премногу по овој загубен натпревар, од проста причина што неговата важност и не беше така голема.

"Тоа беше еден би го нарекол 'лесен натпревар' за двата тима, бидејќи знаевме дека веќе сме квалификувани за плеј-офот. Затоа беше натпревар без притисок повеќе како пријателски натпревар, а не официјален. Сакав да направам повеќе замени со цел да ги проверам другите играчи и да им дадам можност да се покажат на овој натпревар"- искоментира Македонецот на клупата на Турција.

Сега, пред Миленовски и Турција е една би се рекло слободно кажано, историска шанса, со триумф над „азурите" да обезбедат место меѓу осумте најдобри репрезентации на Стариот континент.
Согласно со пласманот во оваа прва групна фаза директен пласман во четвртфиналето обезбедија селекциите на Србија, Германија, Русија и Белгија. А во утрешното осминафинале ќе се сретнат:

ДВОЈКИ - ОСМИНАФИНАЛЕ

30.АВГУСТ (ПЕТОК)

17.30: Турција-Италија
17.30: Бугарија – Финска
20.30: Полска – Словенија
20.30: Франција - Чешка

Најново во Други спортови