СРЕДБА ТУПУРКОВСКИ – ШЕИК АЛ САБАХ

МОК веќе мисли на Токио

Денес во Приштина, се оствари официјална средба помеѓу делегацијата на Македонскиот олимписки комитет и Шеикот Ахмад Ал-Фахад Ал-Сабах, кој е Претседател на Светската Асоцијација на Националните олимписки комитети, на Азиските олимписки комитети и на Олимписка Солидарност на Меѓународниот олимписки комитет.

објавено: 11 декември 2017 - 19:00

Денес во Приштина, се оствари официјална средба помеѓу делегацијата на Македонскиот олимписки комитет (МОК), во која беа претседателот на МОК, д-р Васил Тупурковски, генералниот секретар д-р Сашо Поповски и спортскиот директор Владимир Богоевски и Шеикот Ахмад Ал-Фахад Ал-Сабах, кој е Претседател на Светската Асоцијација на Националните олимписки комитети, на Азиските олимписки комитети и на Олимписка Солидарност на Меѓународниот олимписки комитет.

На денешната средба се зборуваше за проширувањето и зголемувањето на помошта која македонските спортисти - потенцијални олимписки кандидати ќе ја добијат преку МОК за реализација на своите планови и програми, за подготовки и учество на меѓународните спортски натпревари, посебно на квалификациските преку кои ќе треба да изборат учество на Олимписките игри ТОКИО 2020.
Исто така беше договорено во многу спортови и за многу Национални спортски федерации да се обезбеди учество во спортските кампови во високо развиените спортски држави како и користење на спортските кампови на Меѓународните спортски федерации.

Најново во Други спортови