ЈАПОНИЈА Е ЧУДО НА ТЕХНОЛОГИЈАТА,УШТЕ ЕДЕН ДОКАЗ ПЛУС

НА ОЛИМПИЈАДАТА ВО ТОКИО: Софтвери за препознавање на лица

Организаторите на наредните Олимписки игри најавуваат дека ќе користат посебни софтвери за препознавање на лица со што би ја зголемиле безбедноста на сите натпреварувања...

објавено: 8 август 2018 - 08:00

Па така, игрите во Токио ќе бидат првите на кои ќе биде користена оваа технологија, и тоа во соработка со телекомуникациската компанија НЕЦ.
Благодарение на еден посебен чип, софтверот автоматски ќе ги верификува идентитетите на сите посетители кои ќе се појават на преку 40. борилишта.
Повеќе од 300.000 спортисти и други луѓе ќе ги предадат своите фотографии кои ќе бидат уфрлени во базата на податоци пред да започне Олимпијадата (планирано за јули 2020 година).

 

„Секој пат кога некој ќе влезе на борилиштето мора да пројде низ некои безбедносни проверки"- нагласува Цујоши Ивашита, задолжен за обезбедување во организацискиот тим на Токио 2020. „Нашите борилишта немаат толку простор за да може да ги направи проверките како што треба. Се очекува голем број на луѓе кога ќе започнат натпреварувањата, па секако е дека ќе има турканици. Затоа го воведуваме овој систем".

Низ системот нема да поминуваат само посетителите, туку примарна цел е да се зголеми безбедноста на спортистите, а на кои овој процес би требало да им одземе помалку време.

Најново во Други спортови