КУГЛАРИТЕ НА МАКПЕТРОЛ ОСВОИЈА ДВОЈНА КРУНА

„Нафташите“ го лапнаа и Купот

Во финалниот натпревар, макпетролци ја надиграа Хераклеа со 6:2

објавено: 4 мај 2018 - 13:40

Екипата на Макпетрол со освојувањето на Купот на Македонија, дојде до двојната круна во кугларските клупски натпреварувања кај нас. Сезонава 18-кратниот првак не дозволи да биде изненаден во Купот, и ја оправда фаворитската улога, потврдувајќи ја својата доминација, па после 2016, повторно триумфираше и во лигата и во купот. 

Лани, Купот го освои Вардар 2014, но годинава „црвено-црните“ не учествуваа во ова натпреварување. Макпетрол ја имаше предноста на домашниот терен во финалето против битолска Хераклеа и славеше со 6:2. Сезонава Макпетрол претрпе само еден пораз и тоа од Хераклеа во Битола, па ова беше своевиден реванш, бидејќи првакот веројатно ќе го спречи и европскиот настап на Хераклеа. Како победник во двете натпреварувања, Макпетрол има право да бира дали да игра во Светскиот куп, каде учествуваат прваците, или во некое од двете послаби натпреварувања, каде се победниците на националните купови, како и второ и третопласираните од првенствата.

Ако Макпетрол игра во Светскиот куп, тогаш за Хераклеа како финалист на купот, ќе има место во европскиот НБЦ куп. 

Најново во Други спортови