Државно карате првенство

„Нафташите“ најдобри, освоија девет медали

Викендов во Штип се одржа државното карате првенство за сениори-ки, во поединечна и во екипна конкуренција во дисциплините борби (кумите) и кати. На првенството со свои спортисти учествуваа 27 клубови од целата држава.

објавено: 25 февруари 2018 - 22:50

Викендов во Штип се одржа државното карате првенство за сениори-ки, во поединечна и во екипна конкуренција во дисциплините борби (кумите) и кати. На првенството со свои спортисти учествуваа 27 клубови од целата држава.

Во генерален пласман прворангиран е карате клубот Макпетрол – Скопје. Нафташите успеаја да освојат вкупно 9 медали од кои 4 златни 3 сребрени и 2 бронзени одличја, на втората позиција е К.К Штип - Штип и трето рангиран е Металург - Скопје.

„Многу сме среќни и задоволни што и оваа година во генерален пласман сме најдобри во државата. Успеавме да имаме апсолутна доминација во екипна и во поединечна конкуренција во дисциплината борби за жени. Нашите репрезентативки Симона Заборска и Сара Радичевска беа самоуверени и не дозволија никакво изненадување, додека пак младата Анѓела Мојсовска, покажа дека во следниот период треба да сметаме сериозно на неа и се искачија на победничкиот пиедестал. Во екипниот дел исто така настапивме самоуверено и го совладавме нашиот конкурент тимот на Скопски Металург со резултат 2-0" - коментира Бошко Заборски, тренерот на Макпетрол, најуспеѓшнито клуб на собирот во Штип. 

Во поединечна конкуренција борби за Макпетрол медали освоија следниве натпреварувачи-ки :

1.Сара Радичевска -50 кг, златен медал

2. Симона Заборска -55 кг, златен медал

3. Анѓела Мојсовска -68 кг, златен медал

4. Екипно борби за жени во состав на тимот беа ( Симона Заборска, Наташа и Моника Стефановски, Сара Радичевска и Анѓела Мојсовска), златен медал

5. Наташа Стефановска -61 кг, сребрен медал

6.Моника Пендаровска -55 кг, сребрен медал

7.Ева Блажевска + 68кг, сребрен медал

8. Петар Заборски -75 кг, бронзен медал

9. Моника Стефановска -68 кг, бронзен медал

 

Најново во Други спортови