СТАРТУВАШЕ 50.ИЗДАНИЕ НА ИКАС

Нашите под очекувањата - Спасиќ петти во К1 (ФОТО)

Нашите претставници во финалето на Европскиот куп во спринт, учествуваа во дисциплината Кајак – К 1 мажи, во која петото место го освои Љубомир Спасиќ, деветти беше Александар Златаров, и 15. место го освои Енис Небиовски.

објавено: 7 април 2018 - 19:40

На првиот ден од јубилеен 50. ИКАС, се возее неколку трки кои се дел од Европскиот Куп.

За жал. Домаќинот на оваа традиционална манифестација нема простор за преголемо задоволство, секако според постигнатите резултати.
Македонија имаше свои претставници во финалето на европскиот куп во спринт. Односно учествуваа во дисциплината Кајак – К 1 мажи, во која петото место го освои Љубомир Спасиќ, деветти беше Александар Златаров, и 15. место го освои Енис Небиовски.
Во оној друг сегмент, во категорија кајак-дубл, имаше само една натпреварувачка двојка, Марија Мичиќ и Исидора Митровиќ од Босна и Херцеговина.

Во оваа дисциплина, но во машка конкуренција, првото место го освоија Лука Обадиќ и Иван Толиќ од Хрватска, второто им припадна на Павле Здравковиќ и Огњен Димитријевиќ (Србија), а третото пак Леон Испан и Лука Зубчиќ од Хрватска.

Во кајак-жени-К1, првата позиција и припадна на Маја Штимац од Хрватска, зад неа беше Сара Шерпењи од Унгарија, а трета, Ивана Илиќ од Србија.

Кај мажите, во конкуренција на К1, првото место го реализира Сретен Биљиќ од Србија, Вид Остребек од Словенија беше втор, а Дарко Савиќ од БиХ на третото.

Денеска на Матка се возеше и трка во кану-жени-Ц1, во која најдобра беше Зое Алба Гризин (Хрватска), а зад неа временски заостанаа Милица Костов (Србија) и Оља Лазаревиќ (Србија)
Во машка конкуренција пак комплетна доминација на Хрватска. Односно тројна победа постигнаа Лука Обадиќ, Лука Зубчиќ и Јадран Зоњиќ.

Најново во Други спортови