ТРАГЕДИЈА

НЕ ГО ПРЕЖИВЕА „ЌОТЕКОТ" ВО РИНГОТ: Боксерски шампион почина после нокаут (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Италијанскиот боксер Кристијан Дагио (49), почина од последиците од нокаутот после десет дена поминати во кома...

објавено: 6 ноември 2018 - 08:00

Дагио се бореше во тајландски бокс за азискиот сребрен појас во полутешка категорија од ВБЦ верзијата. Но боксерот од Тајланд, Дон Пареуанга го нокаутираше.
Италијанецот веднаш беше пренесен во болница, но лекарите не можеа да го спасат.
Дагио се занимаваше со бокс и со ММА, а во тајландскиот бокс го достигна својот врв. Имаше повеќе од двеста мечеви, а пред влегувањето во ринг со Пареуанга, доби десет борби по ред.

„Почина онака како што сакаше, во рингот. Сакаше да се бори до осумдесет години" – изјави братото на Кристија, Фабио.

Најново во Други спортови