ИРЕЦОТ НЕ СЕДИ МИРЕН...

НЕ СЕ НИ БОРЕШЕ АМА ЌЕ ДОБИЕ КАЗНА: Лудиот Мекгрегор нападна судија!? (ВИДЕО)

ММА шампионот од Ирска направи голем индидент после мечот во Даблин во кој се сретнаа Чарли Ворд и Џон Редмонд.

објавено: 11 ноември 2017 - 21:25

Конор Мекгрегор лудува дури и кога не се бори на теренот. Го покажа тоа Лудиот ирски борец иза време на една борба во Даблин во која се сретнаа Чарли Ворд и Џон Редмонд.

Воодушевен од исходот на мешот Мекгрегор влета на рингот да го поздрави победникот... Но притоа се „закачи" со официјалниот судија, го оттурна, па сега му се заканува и сериозна казна.
УФЦ шампионот присуствуваше на 187 по ред Белатор во Даблин, каде неговиот тимски колега Чарли Ворд уште во првата рунда го совлада Редмонд. Надвор од прописите влезе во „октагонот", па судијата Марк Годард му покажа дека неговото место е надвор од теренот за борба. Ирецот реагираше доста бурно, го оттурна судијата, и покажа со прстот кон арбитарот, па мораше со помош на обезбедувањето да биде изваден надвор од т.н. „кафез за борба"...

 

  

Најново во Други спортови