„БРАНУВАЊА“ ВО ПЛИВАЧКАТА ФЕДЕРАЦИЈА

НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА: Поповски се откажа од членството во УО

Јасно, сето тоа предизвикано од последната нималку посакувана ситуација поврзана со непријавувањето на Евгениј Поп Ацев на Европскиот шампионат од страна на ПФМ.

објавено: 9 август 2018 - 15:13

Професор д-р Александар Поповски повеќе не е член на Управниот Одбор на ПФМ на Р.Македонија. Како што објасни во своето соппштение, од морални причини, и како морална обврска, поднел неотповиклива оставка на функцијата член на Управниот Одбор на Пливачката федерација на Македонија.

Јасно, сето тоа предизвикано од последната нималку посакувана ситуација поврзана со непријавувањето на  Евгениј Поп Ацев на Европскиот шампионат од страна на ПФМ.

Почитувани,

Јас проф. д-р Александар Поповски како досегашен член на Управниот Одбор на ПФМ на Р.Македонија имам морална обврска да ја образложам мојата оставка.
Како долгогодишен спортист, спортски работник и сега како професор во спортот и спортскиот менаџмент, целиот свој живот го посветив на единственото нешто кое води до врвен спортски резултат, а тоа е ФЕР ПЛЕЈОТ. Искрено се надевав дека ќе го дадам својот допринос за развој на пливањето во Р. Македонија, но очигледно многу сум погрешил.
За што се работи ?
Се работи за неправдата која му е нанесена на нашиот пливач Евгениј Поп Ацев кој макотрпно работи веќе дваесеттина години и НИ носи само успеси, не само за себе и своето семејство; на најтрофејниот клуб во РМ - АПВК СТУДЕНТ од Скопје, и на крајот и на нашата држава.
Имено, од март месец до денешен ден на повеќе наврати раководството на ПФМ, од неразбирливи причини за мене,, го обструираат неговото учество на значајни маратонски трки, а Врв на сето тоа однесување е ненавременото пријавување за моменталното европско првенство кое се одржува во Глазгов, и покрај ветувањата од нивна страна пред месец дена дека се е во ред и дека Евгениј ќе настапи на истото.
Моето учество во УО на ПФМ беше со цел да ваквите грешки кои беа дел од минатото да не се повторуваат и да се грижам за добробит на сите пливачи во РМ, т.е тоа беа моите очекувања, а кои во вакви услови на функционирање не сум во можност да ги реализирам“- објасни Поповски. 

Најново во Други спортови