НЕВЕРОЈАТНИ ИЗВЕДБИ НА „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“

НИКОЈ КАКО ОВЕЧКИН: Во три дена, два хет-трика! (ВИДЕО)

Ако се суди според првите натпревари од новата сезона во НХЛ лигата, тогаш навивачите на Вашингтон капиталс и почитувачите на „ликот и делото" на Александар Овечкин ќе имаат за што да се надеваат...

објавено: 8 октомври 2017 - 22:45

Ако се суди според првите натпревари од новата сезона во НХЛ лигата, тогаш навивачите на Вашингтон капиталс и почитувачите на „ликот и делото" на Александар Овечкин ќе имаат за што да се надеваат...

Еден од најдобрите хокеари на денешницата, на два натпревари даде по три гола, односно популарно кажано имаше хет-трик.
Момент кој на ниту еден друг хокеар во историјата на НХЛ лигата долга сто години, не му успело да го направи тоа.


Центарот на Капиталс заби три гола на гости во Отава (Вашингтон победи со 5:4), и тоа сите три во само еден период од играта.


Некоја ноќ подоцна, 32. годишниот Овечкин го стори истото во Монтреал, каде со негова помош тимот од главниот град на САД славеше со убедливи (6:1). првито гол Овечкин го даде по само 20 секунди игра.
Тој натпревар ќе го памети и неговиот соиграч, Нејтан Вокер кој стана првиот Австралиец кој заиграл во најсилната хокеарска лига на светот.

 

Најново во Други спортови