НЕМА АЛПСКО СКИЈАЊЕ ВО ПЈОНГЧАНГ, БАРЕМ ЗАСЕГА...

НОВИ ПРОБЛЕМИ: Ветерот го одложи и слаломот!

После машкиот спуст и женскиот велеслалом, ниту слаломот во женска конкуренција во Пјонгчанг не е одржан според планот...

објавено: 14 февруари 2018 - 10:15

Стартот на првото возџерње беше закажа за 10.15 часот по локално време. Потоа два пати беше поместуван за по 15.минути, за да биде донесена нова одлука, акцијата да тргне во 10.45 часот.

Меѓутоа на нашто помалку од половина час, организаторите одлучија да ја откажат трката и да ја презакажат за петок.


Програмата во алспско скијање требаше да започне во недела со спуст. Но од тој момент, силниот ветер си поигрува со организаторите.
Ден подоцна, откажан е и велеслаломот, а двете трки се поместени за четврток. За тогаш е планиран и машкиот супервелеслалом, кој пак е прологиран за петок, кога на програмата ќе биде и слаломот. Секако под услов ветерот не продолжи да достигнува брзини од 70 километри на час.
Поради сето ова, досега е одржана само една алпска дисциплина – машката алпска комбинација на која триумфираше Австриецот Марсел Хиршер

Најново во Други спортови