Европски Фудокан Карате Куп „ДУНАВ ОПЕН 2018“

Со седум каратисти во Виена

Македонската репрезентација во традиционално карате од 16 до 18 март, ќе земе учество на Европскиот Фудокан Карате Куп*ДУНАВ ОПЕН 2018* за сениори, јуниори, кадети и деца... 

објавено: 15 март 2018 - 21:30

Македонската репрезентација во традиционално карате од 16 до 18 мартм ќе земе учество на Европскиот Фудокан Карате Куп*ДУНАВ ОПЕН 2018* за сениори, јуниори, кадети и деца во Виена.

Македонската репрезентација во традиционално карате на овој турнир во Австрија ќе настапи во следниот состав: Дејан Недев, Јадранка Недева, Емилија Јанчевска, Димитри Влахо, Иван Трпковски, Димитар Витанов, Дамјан Таневски

Пред натпреварот ќе се одржи и карате семинар со д-р. Илија Јорга 10 дан, а натпреварите ќе се одржат според ИТКФ натпреварувачките правила во сите натпреварувачки дисциплини во традиционалното карате.

Најново во Други спортови