Светски Куп

Очекувано: Шифрин најбрза во Леви

Американката, Микаела Шифрин очекувано заврши на првото место во слалом трката во рамките на Светскиот Куп во Леви. Таа имаше подобро време од 67 стотинки од второпласираната, Венди Холденер.

објавено: 12 ноември 2016 - 15:40

Со својата 20. победа во слалом трките, Микаела Шифрин го презема и водството во вкупниот редослед во Светскиот куп, сега има 180 бодови. Второто место го држи Лара Гут со 100 бода, додека Венди Холденер е на третата позиција со 95.

На денешната трка Американката беше за 67 стотинки побрза токму од Холденер, односно 75 пред третопласираната Петре Вихове.

 

Најново во Други спортови