„ТРАДИЦИОНАЛИСТИТЕ“ УСПЕШНИ НА ТУРНИРОТ ВО АВСТРИЈА

Од Виена со 12 златни одличја

Македонските репрезентативци во традиционално карате освоија вкупно 17 медали: 12 златни, 4 сребрени и 1 бронзен медал на Европскиот фудокан карате куп "Дунав опен 2018" во Виена.

објавено: 19 март 2018 - 16:10

Македонските репрезентативци во традиционално карате освоија вкупно 17 медали: 12 златни, 4 сребрени и 1 бронзен медал на Европскиот фудокан карате куп "Дунав опен 2018" во Виена.

На турнирот во главниот град на Австрија, златни медали освоија: Дејан Недев во кати-сениори, Емилија Јанчевска во кати и кого-кумите сениорки, Јадранка Недева во кати-постари сениорки, Димитар Витанов во кого-кумите-кадети, Иван Трпковски во ката, кихон и кихон кумите за деца, Димитри Влахо во кихон ипон кумите за деца, Дамјан Таневски во кати и џиу ипон кумите за деца и Иван Трпковски и Дамјан Таневски во енбу м/м.

На европскиот куп во Виена учествуваа 13 земји со над 180 натпреварувачи

Најново во Други спортови