ИОК Е НЕМИЛОСРДЕН

ОДЛУЧЕНО Е: Русите исклучени од зимската Олимпијада

Интернационалниот олимписки комитет не и дозволи на Русија да учествува на зимските Олимписки игри во Пјонгчанг идната година

објавено: 5 декември 2017 - 21:40

Причината за ова е државниот систематски допинг спроведен на Олимписките игри во Сочи во 2014 година. Па така Рускиот олимписки комитет е суспендиран од страна на Интернационалниот комитет меѓутоа им дозволи на руските спортисти кои ќе докажат дека не употребувале недозволени супстанции да се натпреваруваат на Олимписките игри во февруари како неутрални. Тоа е одлуката на ИОЦ на денешниот состанок на кои требаше да одлучат дали ќе им простат на Русите и ќе им дозволат да се натпреваруваат во Пјонгчанг.

Најново во Други спортови