Отворање на Зимската олимпијада во Пјонгчанг

Олимпиското движење побогато за шест нови членови

Во јужнокорејскиот град во тек е церемонијата на свеченото отворање на 23. по ред Зимски олимписки игри..

објавено: 9 февруари 2018 - 12:42

Зимските олимписки игри во Пјонгчанг ќе бидат и свечено отворени во текот на денот, односно за некој час откако ќе заврши свечената церемонија на стадионот во овој јужнокорејски град со капацитет од 35.000 гледачи.

Како што е претходно најавено, на зимската Олимпијада ќе учествуваат 2.952 спортисти од 92 земји од светот, кои пак ќе се натпреваруваат во седум спортови, 15 дисциплини и на кои ќе има вкупно 102 натпреварувања.
Церемонијата во Пјонгчанг започна со голем огномет, после што на сцената стапија изведувачи со перформанс на боречки вештини, а после тоа е претставено и културното наследство на Јужна Кореја, традицијата, историјата...

Традиционално, парадата на нациите на Олимпискиот стадион ја предводеа олимпијците од грција.
Инаку на овие 23. по ред олимписки игри, ќе дебитираат и шест членки на Меѓународниот олимписки комитет: Еритреја, Еквадор, Косово, Малезија, Нигерија и Сингапур.

Најново во Други спортови