РУСКАТА ЅВЕЗДА ЌЕ ГО СЛУША АМЕРИКАНСКИОТ ТИМ

Овечкин, сепак, нема да оди на Олимпијада

Првата ѕвезда на Вашингтон капиталс, Александер Овечкин, потврди дека нема да учествува на Олимпијадата во Пјеонгчанг во февруари, откако НХЛ реши првпат од 1998 година да не праќа свои хокеари на Игрите

објавено: 15 септември 2017 - 21:40

Крилото на Капиталс го призна ова преку соопштение објавено преку тимот, иако претходно изјавуваше дека ќе игра за Русија дури иако НХЛ не го дозволува тоа.

„Секогаш кога ме прашуваа дали ќе играм на Олимпијадата посочував дека никој не може да ми каже да не играм за мојата земја. Сега ИИХФ и НХЛ велат дека мојата земја не смее да прашува никој од НХЛ-лигата за играчи, така што немам за што да зборувам повеќе“, вели Овечкин.

НХЛ правеше пауза во сезоната за секоја Олимпијада од 1998 година, но во април оваа година, тие решија дека тоа прави преголеми проблеми за клубовите кои се борат за плеј-офот, иако ентузијазмот кај хокеарите остана на високо ниво.

Најново во Други спортови