МАКЕДОНЕЦОТ Е ВО ФИНАЛЕТО, ОДИ ПО ВТОРОТО СВОЕ ЗЛАТО

Павлов обезбеди медал на ЕП во карате

Во финалето во категоријата за борци до 60 килограми, Павлов ќе се бори со Италијанецот Кершченцо

објавено: 10 мај 2018 - 20:06

На ЕП во карате во Нови Сад, македонскиот репрезентативец Емил Павлов, ќе се бори за златниот медал, откако ја доби полуфиналната средба со Калинс од Естонија. Емил извојува убедлив триумф од 5-2, покажа дека физички е одлично подготвен и има низа од четири победи по ред.

Во финалето во категоријата до 61 килограм во кумите, Емил ќе се бори за својот втор златен медал од европските првенства против Италијанецот Кершченцо. Со тоа, тој постави рекорд во македонското карате на европските првенства, бидејќи ова ќе му биде трет медал по златниот и бронзениот.

Претходно Павлов ги совлада Доминик Имрич (Словачка) 1-1 (прв освоен поен), Јасин ел Атар (Холандија) 6-2 и Ненад Дуловиќ (Црна Гора) 3-2.

Во сабота во финалето ќе се бори со Анџело Кершченцо (Италија).

Вероника Костовска (-61 кг) стигна до репасажот каде што е поразена од Тјаса Ристиќ (Словенија) 0-2. Својата шанса во репасажот ќе ја бара и Ненад Келебиќ. И Драгана Манговска може да се надевана репасажна боеба ако нејзнината противничка се пласира во финалето.

Ангела Мојсовска (-68 кг) во претпладневните часови се избори за борба за бронзениот медал.

Утре на програмата се екипните натпревари во борби и кати.На 53.Европско сениорско првенство во Нови Сад настапуваат 662 натпреварувачи од 52 држави.

Најново во Други спортови