ШТИПЈАНЕЦОТ ОСВОИ ТИТУЛА НА ЕП ВО НОВИ САД

Павлов повторно е европски првак, следна цел ОИ во Токио!

Во финалето на ЕП во Нови Сад, Павлов на поени го совлада Италијанецот Кершченцо

објавено: 12 мај 2018 - 18:57

Емил Павлов се запиша во историјата на македонското карате со освојувањето на златниот медал на Европското сениорско карате првенство во Нови Сад, во категоријата за каратисти до 60 килограми.Ова е втор златен медал на европските првенства за Павлов, а вкупно трет, бидејќи има освоено и еден бронзен, со што тој е најуспешниот македонски каратист на континенталните шампионати. 

На патот до титулата, штипјанецот ги совлада Доминик Имрич од Словачка, Јасин ел Атар од Холандија, Ненад Дуловиќ од Црна Гора, Калвинс Калинс од Летонија и на крај, Анџело Кершченцо од Италија со 3-1. Следен предизвик се Олимписките игри во Токио 2020 година. 

 

Најново во Други спортови