МОК И ИОК ЗАЕДНО, ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ

ПО ПЕТТИ ПАТ: Олимписка обука за напреден спортски менаџмент

Македонскиот олимписки комитет во соработка со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), на 18 Октомври ќе ја започне Олимписката обука за напреден спортски менаџмент за која силно смета дека е основа и еден од главните фактори за постигнување на врвните спортски резултати на најдобрите македонски спортисти.

објавено: 7 октомври 2017 - 16:10

Македонскиот олимписки комитет во соработка со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), на 18 Октомври 2017 година ќе ја започне Олимписката обука за напреден спортски менаџмент (петта генерација), за која силно смета дека е основа и еден од главните фактори за постигнување на врвните спортски резултати на најдобрите македонски спортисти.

Станува збор за многу обемна и квалитетна едукативна спортска програма која претставува теоретско-практична платформа за унапредување на работата во рамките на Олимписките спортски организации (ОСО) во кои спаѓат спортистите, тренерите, судиите, спортските клубови, НСФ-ии, Меѓународните спортски федерации, Националните олимписки комитети, ИОК, Организационите комитети на спортските настани, медиумите и другите.

Наведениот едукативен програм е со траење од 6 модули, почнувајќи од 18/10/2017 година и завршува во март 2018 година.

Програмата на обуката во потполност е диктирана од страна на ИОК, а е осмислена во соработка со повеќе од 150 светски признати научници и експерти од спортскиот менаџмент и опфаќа учење за клучните компетенции кои се неопходни за успешно раководење со ОСО 

Надлежното тело во Македонскиот олимписки комитет, по добивањето на сите доставени апликации ќе направи селекција и ќе избере 20-25 кандидати кои ќе учествуваат на оваа обука.

Македонскиот олимписки комитет се надева дека Националните спортски федерации, спортските клубови, ЕЛС и високо образовните спортски институции ќе предложат свој/свои кандидат(и) најдоцна до 12-ти Октомври 2017 година.

 

Најново во Други спортови