Финални подготовки на „традиционалистите“за настап на ЕП

По топ-форма за Белград

Македонската репрезентација во традиционално карате од 14. до 16. септември ќе земе учество на официјалниот 33. ЕТКФ Европски шампионат за сениори, младинци, јуниори и кадети во Белград, Србија.

објавено: 9 август 2018 - 13:00

Oд вчера започнаа финалните подготовки на Македонската репрезентација во традиционално карате која од 14. до 16. септември ќе земе учество на официјалниот 33. ЕТКФ Европски шампионат за сениори, младинци, јуниори и кадети во Белград, Србија.

Инаку пред овие подготовки македонските каратисти од 10 до 17 јуни учествуваа на првите подготовки и карате семинар во Неа Флогита, Грција. Подготовките се одвиваат во Скопје во двата најсовремени карате центри на *КК Работнички* и *КК Недеви* кој ги водат селекторот и тренерот на репрезентацијата проф. Венцислав Недев и д-р. Дејан Недев.

Список на репрезентативци повикани на подготовки пред ЕШ:
Дејан Недев,  Аљоша Недев, Јадранка Недева, Емилија Јанчевска, Матеј Ангеловски, Бојан Богдановиќ, Спасе Стојанов, Борјан Кондев, Петар Костов, Берта Милевска, Јана Милевска, Мила Саздова, Јелена Дробниќ, Огнен Тасевски, Димитар Витанов, Димитри Влахо, Ведран  Aндоновски, Максимилијан Глигоров, Ивона Лаушевиќ, Сара Поповска, Антонија Белазелкоска, Игор Зафировски, Мила Младеновска.

Две недели пред ЕШ во Белград сениорската репрезентација ќе земе учество и на ЕТКФ карате семинарот кој од 24 до 30 август ќе се одржи во Костанца, Романија.

Најново во Други спортови