ФРАНЦУЗИНОТ НАЈБРЗ ВО ВЕЛЕСЛАЛОМ

Победа на Пинтуро, 100-ти подиум за Хиршер

Четири стотинки беа доволни за Алексис да се радува на третата победа сезонава

објавено: 7 јануари 2017 - 15:34

Алексис Пинтуро триумфираше на велеслаломот, кој се возеше во Аделбоден, Швајцарија. Францускиот скијач имаше време од 2:23,99 минути, што беше доволно да стигне до третиот триумф сезонава, а вкупно 19 во кариерата.

Пинтуро и по првата трка имаше најдобро време, а на второто спуштање успеа да ја задржи предноста и тоа за само четири стотинки пред Марсел Хиршер. Австриецот не победи, но се израдува на 100 качување на пиедесталот. Со тоа се израмни со легендарниот Марк Џирардели од Луксембург кој исто така има 100 пиедестала, додека убедлив лидер е Ингемар Стенмарк од Шведска со 155 пласмани во Топ 3 на трките. 

Третото место во Аделбоден го освои Филип Шоргхофер од Австрија, за кого ова е најдобар пласман сезонава. 

Најново во Други спортови