БК Пелистер во улога на домаќин

ПОЧЕТОК НА ПРВЕНСТВОТО: Првиот боксерски спектакл ќе биде во Битола!

Утре спортската сала „Младост" ќе ги вгости најдобрите боксери во Македонија, во рамките на првото коло на Првата и Младинската лига (ПМЛ) во бокс на нашата земја.

објавено: 17 март 2018 - 21:00

По една години пауза боксот се враќа во битолските рингови. Утре спортската сала „Младост" ќе ги вгости најдобрите боксери во Македонија, во рамките на првото коло на Првата и Младинската лига (ПМЛ) во бокс на нашата земја.

Технички организатор на овој настан е БК Пелистер 2007, кој во своите редови успеа да ги врати своите најдобри боксери, кои ланската сезона настапуваа за Пинк Пантер од Штип во регионалната лига и имаа забележителни резултати.

Мерењето на натпреварувачите е закажано за утре од 9.30 до 10.00 часот, додека борбите ќе се одржат во спортската сала „Маладост" со почеток во 15.00 часот. Натпреварите од Прва и Младинска лига во бокс на Македонија во 2018 година ќе се спроведат согласно пропозициите за бокс лига на Македонија и правилата за бокс на АИБА .

Лански шампион на Македонија во двете конкуренции беше БК Чаир од Скопје, а претседателот на Боксерската федерација на Македонија (БФМ) Игор Златков најави нова неизвесна сезона, која сигурно ќе го подигне квалитетот на боксот во нашата земја.

Најново во Други спортови