БЕШЕ ЕДНАШ ЕДНА ЈУГОСЛАВИЈА

После четири децении повторно заедно: Аце Русевски и „седумте величествени"

Овој викенд Белград беше резервиран за врвната кошарка, и некако во „втор план" протекна една многу емотивна средба – боксерска.

објавено: 22 мај 2018 - 12:45

Овој викенд белград беше резервиран за врвната кошарка, и некако во „втор план" протекна една многу емотивна средба – боксерска.

За прв пат по скоро четири децении, на истото место повторно се најдоа боксерските шампиони. Припадниците нз златната југословенска генерација на боксери која го одбележи европскиот бокс за време на ЕП кое во 198 година се одржа во главниот град на поранешната држава.
Среќни, и преплавени со емоции седуммината величествени на југословенскиот, европски и светски бокс се појавија на прозивката на тренерот Шоргиќ. Слободан Качар (сребро), Драгомир Вујковиќ (сребро), Фазлија Шачировиќ (сребро), Тадија Качар (сребро), Миодраг Перуновиќ (сребро), Велизар Јефтиќ и секако, нашиот Аце Русевски, се потсетија на моментите на голема среќа и задоволство, кои со својата пот ја направија во салата „Пионир", онаа во која каако што признаа некои од нив, не стапнале на ова место полни 40. години.

„Дојдов од Македонија да ги видам своите другари, да се присетиме на сите оние моменти кои се поврзани за овој јубилеј, кој е вистинска слика на тогашната Југославија. Кога бевме сложни и никој не ни можеше ама баш ништо" - рече во оваа пригода македонската боскерска легенда Аце Русевски.

Сјајот на шампионите - „седумте величествени боксери" никогаш нема да избледи, вечен е исто како и нивните срца и љубовта спрема спортот.

Најново во Други спортови