МОК СО НОВ ПАРТНЕР

Потпишан Олимписки договор за соработка со Намибија

Двата олимписки комитета блиску ќе соработуват во области како што се унапредување на стручниот кадар, обуки за тренери, размена на научни искуства од областа на спортот, развој и обука на спортскиот менаџмент и спортската администрација и слично.

објавено: 11 мај 2018 - 15:00

Претседателите на Македонскиот (МОК) и на Намибијскиот олимписки комитет (НОК), д-р Васил Тупурковски и Сер Aбнeр Ксоагуб, потпишаа олимписки договор за соработка во областа на спортот.

Со овој договор двата олимписки комитета блиску ќе соработуват во области како што се унапредување на стручниот кадар, обуки за тренери, размена на научни искуства од областа на спортот, развој и обука на спортскиот менаџмент и спортската администрација и слично.

Со договорот се регулира и соработката на МОК со Намибијскиот олимписки комитет во однос на координација на олимписките програми на Националните спортски федерации и нивна поблиска комуникација и соработка за унапредување на спортските перформанси на најдобрите спортисти од Македонија и Намибија.

Најново во Други спортови