НЕВИДЕНО УПОРЕН АМЕРИКАНСКИ ТАНДЕМ ВО ПЈОНГЧАНГ

Пред четири години „бутаа" хамбургери на кровот, сега се бронзени

Адам Рипон и Мираи Нагасу се американски лизгачи кои го освоија бронзениот медал на Олимпијадата, а освен тоа важат и за најдобри другари во приватниот живот.

објавено: 13 февруари 2018 - 21:30

Адам Рипон и Мираи Нагасу се американски лизгачи кои го освоија бронзениот медал на Олимпијадата, а освен тоа важат и за најдобри другари во приватниот живот.

„Цимери сме во олимпиското село. Кога стигнавме, ја прегрнав па и реков: „Мираи, овде сме, успеавме" - истакнува 28. годишниот Рипон.

А неговата „колешка" Нагасу, испиша една посебна страница од историјата – стана првата Американка која на една Зимска Олимпијада извела „троен аксл".

„Ја сакам својата другарка и горд сум на неа. Целиот живот чекав на ова, а сега можев да ја видам како излегува на мразот и лизга подобро од што замислував" - дополнува Рипон кој ги собра симпатиите на публиката во Пјонгчан по кратката програма во екипна конкуренција од уметничкото лизгање.

Засега во Јужна Кореја им оди одлично. Но не беше така пред четири години... Тогаш со солзи во очите го дочекаа резултатот со кој не успеаја да обезбедат место во американскиот олимписки тим и да отпатуваат за Сочи.

„Пред четири години ништо не направивме. Откако дознавме дке не сме се квалификувале, заминавме во куќата на Мираина. Се качивме на кровот, и јадевме хамбургери поради тоа што бевме сериозно вознемирени што нема да одиме на Олимпијадата"- заклучува овој американски лизгач кој ќе продолжи со натпреварувањето во Пјонгчанг вечерва кога на рапоредот се оние кратки „програли кај спортските двојки во уметничкото лизгање.

Најново во Други спортови