ОЛИМПИСКО ЧУДО

Пред една година беше на прагот на смртта, сега освои медал

Пред 11 месеци Марк Макморис се бореше за живот, откако удри во дрво...

објавено: 11 февруари 2018 - 13:45

Канаѓанецот Марк Макморис стигна до бронзен медал во натпреварувањата во сноуборд на Олимписките игри во Пјонгчанг ова утро.

Тоа се разбира, не е некоја сензационална вест за сите кои го следат тој спорт.
Но многу поизненадувачки е што ова 24. годишно момче жител на провинцијата Саскечуан не стигна до златниот медал, иако водеше се до последниот круг од натпреварите во оваа дисциплина.
Уште повеќе што Макморис е четирикратен шампион на светот и има олимписка бронза од минатата Олимпијада во Сочи 2014. година.


Вистинското чудо е што овој Канаѓанец воопшто се појави на овие игри во Пјонгчанг. Пред се затоа што пред 11. месеци беше на прагот на смртта. Се бореше за животот откако во текот на март, при едно спуштање на необележан терен во месото Вистлер, со голема брзина удри во едно дрво.
Последиците по неговото здравје беа страотни. Имаше скршеници и на черепот, но и фрактура на раката, на неколку ребра, а му откажа и црниот дроб.

Тоа беше како автомобилска несреќа. Имав дури 16 скршени коски на телото. Лежев на снегот и помислив дека никогаш повеќе нема да можам да возам сноуборд. Едноставно лежев, и чекав да умрам. Кога по час и половина дојде хелихоптерот за спасување, се освестив"- призна еден од најдобрите во овие неверојатно возбудливи дисципини на ЗОИ во Ј. Кореја.

Не жали што не го освои златнито медал во Пјонгчанг, напротив...

„Разочаран? Сигурно се шегувате? Сериозно ли ме прашувате за таков нешто? Прво требаше да зајакнам, па да поверувам, и дека сега сум носител на медал. Всушност и не требаше да сум тука по тој инцидент, а сега имам олимписки медал. Тоа е прекрасна работа за мене. За мене враќањето на подиумот е нешто специјално" - призна Макморис.

Меѓу првите кои му го честитаа ова остварување беше американската скијачка Линдзи Вон:
„Тоа е неверојатно! Честитки Марк Мекморис!"- напиша Вон на својот Твитер профил.
Доказ плус дека чудата сепак се слулувата и с еуште поголмеи кога тоа е на патеката, онаа олимписката во Пјонгчанг!

Најново во Други спортови