ОСТВАРЕНИ ВИСОКИ ПЛАСМАНИ ВО САЛЦБУРГ

Радичевска и Заборска до седмото место на Светската премиер карате лига

Македонските карате репрезентативци, и членови на Кaрате клубот Макпетрол, на овој турнир имаа забележителни резултати и добро претставување.

објавено: 4 март 2018 - 22:15

Сениорската репрезентативка и актуелната европска универзитетска шампионка Сара Радичевска настапи во тежинската категорија на – 50 кг. Во елиминацискиот дел извојува четири победи.

Во првото коло ја совлада Клемент Кармен од Унгарија со резултат 1-0, потоа беше поуспешна од Крафорд Лаурен од Англија и победи со резултат 2-0. Во третото коло забележа уште една победа над Хјерлинд Миле од Данска со резултат 1-0.
Во четвртфиналето налетот на Сара беше сопрен од јапонската репрезентативка Ендо Шинатсу и таа загуби со резултат 0-2. Подоцна јапонската репрезентативка влезе во финалето и Сара доби шанса да се бори за бронзениот медал.
Во првата репасажна борба, пето коло беше поуспешна од италијанската репрезентативка Мурабито Николе и ја победи со резултат 5-1, додека во шестата, се сретна со Санчез Естера од Шпанија и загуби со резултат 0-3.
Ова беше доволно за високиот пласман на седмо место, поради големиот број на пријавени натпреварувачки 84 спортистки од 88 држави од целиот свет.. Со овој резултат Сара во голема мерка ќе го подобри својот пласман на Светската ранг листа за учество на Олимписките игри во Токио 2020 година.
Ист, односно висок пласман оствари и стандардната репрезентативка Симона Заборска.(-55 кг), во конкуренција на 115 спортистки од 88 држави.

Покажа апсолутна доминација во првите три кола, кога извојува убедливи победи со преставничките на Англија, Португалија, и Казахстан. Беше поразена минимално со резултат 0-1, во четвртото коло од хрватската репрезентативка Александра Хасаним кој оодоцна влезе во финалето и на Симона и се даде шанса да се бори за бронзениот медал.
Во првата борба Заборска беше подобра од Германката Бугур Гизим, ја победи со резултат 1-0, во втората борба која беше последна за борба за бронзениот медал при резултат 0-0, загуби на судиско изјаснување Илаха Гасимова од Азербејџан.
Дополнителни поени и подобрување на својата ранкинг листа има и најдобриот млад спортист на Македонија за 2017 година Петар Заборски.

Заборски настапи во сениорска конкуренција и стигна до 4-тото коло во категоријата (-75 кг), во која имаше пријавени рекордни 168 каратисти од 88 држави.

Останатите спортисти ги постигнаа следниве резултати:

(-61 кг)
Наташа Стефановска (Макпетрол) – победи со Невена Петровиќ (Србија) 3-0
Наташа Стефановска (Макпетрол) – пораз од Тјаша Ристиќ (Словенија) 5-5

(-68 кг) – 96 спортистки

Ангела Мојсовска (Макпетрол) – победа со Ивана Бебек (Хрватска) 0-0, победи
Ангела Мојсовска (Макпетрол) – пораз Александра Будкина (Казахстан) 2-6
Моника Стефановска (Макпетрол) – победа со Лина Пусник (Словенија) 2-1
Моника Стефановска (Макпетрол) – пораз од Алзахра Фатма Јилмаз (Египет)1-4

(-55 кг)
Моника Пендаровска (Макпетрол) победа со Зуиковска Диана (Украина), 4-1
Моника Пендаровска (Макпетрол) загуби од Ишаи Фумика (Јапан), 0-3

Најново во Други спортови