СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ ВО ОЛИМПИСКИОТ ПЈОНГЧАНГ

РАСИПАН Е „ВОЗНИОТ РЕД": Возат кога и како сакааат, не биле платени!?

Возачите на автобусите, оние службените, на Зимските Олимписки Игри во Пјонгчанг, одбиле да го следат утврдениот ред на возење посебно во вечерните часови.

објавено: 14 февруари 2018 - 09:30

Возачите на автобусите, оние службените, на Зимските Олимписки Игри во Пјонгчанг, одбиле да го следат утврдениот ред на возење посебно во вечерните часови.
Проблем е, според неофицијални извори, исплатата на заработувачката, но и техничката исправност на возилата.

Организацискиот комитет на Олимпијадата во Јужна Кореја еднаш веќе упатил и официјално извинување до новинарите поради проблемите со транспортот, поточно поради одбивањето на возачите да возат по снег со неадекватни зимски гуми.
Овој пат, проблемот бил од многу посериозне карактер. Се доцни со исплата на дневниците, автобусите сообраќаат на потребните линиии само кога возачите се расположени, а спортистите и официјалните лица се принудени да се прилагодуваат кон оваа нова, нималку пријатна ситуација.

Најново во Други спортови