ЈАПОНЦИТЕ ВО ОЧАЈ

Рикако Ике, големата надеж за Токио 2020 боледува од леукемија

Една од потенцијалните ѕвезди на ЛОИ Токио 2020, 18-годишната пливачка, која освои шест златни медали на Азиските игри, лани, ќе води животна битка.

објавено: 12 февруари 2019 - 19:30

Сите веќе ја гледаа како гордост на Токио на ЛОИ 2020 како води битка за олимписки медали, но наместо тоа 18-годишната Рикако Ике, ќе води вистинска борба за животот.

Големата надеж на домаќинот и една од потенцијалните ѕвезди на следната Олимпијада, која освои шест златни медали на Азиските Игри лани, и е дијагностицирана леукемија.

Оваа вест 18-годишната пливачка ја добила по лекарските прегледи откако минатиот месец се разболела на тренинг – камп во Австрија и била принудена да се врати дома во Јапонија.

Ике сама обелодени на својот Твитер профил.

„Ви благодарам на постојаната поддршка. Не се чувствував добро и итно се вратив дома од Австрија, каде по детални прегледи ми беше дијагностицирана леукемија. Се уште сум во неверување и збунета од целата ситуација. Но, со соодветен третман ова е болест која може да се излечи", напиша Рикако Ике и додаде:
„Ќе се одморам малку и ќе се фокусирам на третманите за да можам да покажам една уште посилна Рикако Ике што е можно побрзо."

Ике пред две недели беше прогласена за Пливачка на годината 2018 во Јапонија.

Таа ќе го пропушти националното првенство во април преку кое се обезбедува пласман на Светското првенство во јули во Гванџу, Јужна Кореја.

Најново во Други спортови