Замина во пензија еден од најлудите во светот на боксот

Рикардо Мајорга „Ел Матадор“ ги спакува ракавиците

Еден од најлудите боксери на сите времиња, Рикардо Мајорга конечно ги спакува ракавиците и замина во пензија на 44-годишна возраст

објавено: 16 јануари 2018 - 21:26

Еден од најлудите боксери на сите времиња, Рикардо Мајорга конечно ги спакува ракавиците и замина во пензија на 44-годишна возраст.

Популарниот „Ел Матадор“ од Никарагва кажа збогум, а ќе остане запаметен по епскиот дуел со Оксар Де Ла Хоја, во кој го извлече подебелиот крај. Сепак се работи за еден од најдобрите боксери во велтер категорија, во која беше и светски првак.

Познат е по популарниот „треш токинг“, или навредите кои ги упатуваше кон своите противници и по лудиот ноќен живот. Љубителите на боксот имаат почит кон него поради бескомпромисниот стил на борба, а Мајорга имаше одлична кариера во златните години на боксот, кога во неговата категорија имаше опасни мајстори на боксот.

Најново во Други спортови