Газат и под друго име

Русија е моќна машинерија, со 6:1 ги прегазија Норвежаните за полуфинале

Руската хокеарска репрезентација моќно, во свој стил ја прегази Норвешка со 6:1 и ќе игра полуфинале против Чешка на ЗОИ во Пјонгчанг

објавено: 21 февруари 2018 - 11:01

Руската хокеарска репрезентација моќно, во свој стил ја прегази Норвешка со 6:1 и ќе игра полуфинале против Чешка на ЗОИ во Пјонгчанг.

Русите го решија мечот уште по првиот период од 20 минути и со головите на Григоренко, Гусев и Војнов поведоа со 3:0. Еден од главните фаворити за златото продолжи да доминира и го доби и вториот период со 2:1. Бонсакен најпрво ја намали предноста на Русите, но веднаш возвратија Калинин и Нестеров, а убедливата победа со единствениот гол во последниот период ја потврди Телегин.

Русија против Чешка е првото полуфинале на олимпискиот турнир, а за комплетирање на квартетот најдобри ќе одлучуваат четвртфиналните дуели меѓу Шведска и Германија, односно Канада и Финска. Тие два дуели почнуваат во 13,10 часот денеска.

Најново во Други спортови