НОВИ ПОЗИТИВНИ ТЕСТОВИ ОД 2012

Русинките го загубија среброто на 4х400 метри

Русија ќе го загуби сребрениот медал од штафетата 4х400 метри од Олимпијадата во Лондон во 2012, откако спринтерката Антонина Кривошапка имаше позитивен тест на стероидот туринабол

објавено: 1 февруари 2017 - 19:42

Со оваа одлука, Јамајка ќе го добие сребрениот медал, додека Украина ќе биде сребрена. Златото во Лондон го освоија САД. 29-годишната Кривошапка се нема натрпеварување од 2013 година, кога освои бронзаз на СП во Москва.

Во новото ре-тестирање на примероците од Лондон 2012, позитивни тестови имаа и руската фрлачка на диск Вера Ганеева и турскиот боксер Адем Килиџи. Ганеева беше 23. во својата дисциплина, додека Килиџи беше елиминиран во четврт-финалето во средна категорија.

Досега се анализирани 422 примероци од Олимпијадата во Лондон во 2012 користејќи понапредни методи за тестирање. Досега се „фатени“ 17 руски позитивни спортисти од Пекинг 2008 и дополнителни 13 од Лондон 2012 година.

 

Најново во Други спортови