СЕДМАТА ЕТАПА НА ЏИРО ИТАЛИЈА НЕ ДОНЕСЕ СЕРИОЗНИ ПОТРЕСИ

Седмата етапа за Бенет, Јејтс остана во розево

Денешната етапа на Џиро беше само загревање на напорите кои следуваат викендов

објавено: 11 мај 2018 - 17:33

Сем Бенет е победник на седмата етапа на велосипедската трка околу Италија, популарниот Џиро. Денешната етапа се возеше во областа Калабрија (од Пицо до Праја а Маре) и беше долга 159 километри, а во завршниот спринт, најбрз и најснаодлив беше 27-годишниот Ирец за кого ова е најзначајна победа во кариерата. Второто место му припадна на Вивијани, а трети низ целта мина Бонифацио. Исто време со полбедникот имаа 95 велосипедисти. 

Розевата маичка остана кај Сајмон Јејтс кој во генералниот пласман има предност од 16 секунди во однос на вториот Том Думулен, а третиот Естебан Чавез, заостанува 26 секунди зад лидерот. 

Утре се вози етапа од Праја а Маре до Монтевергине во должина од 209 километри и натпреварувачите ќе се упатат од крајниот југ на „чизмата“ кон север. 

Најново во Други спортови