АМЕРИКАНКАТА НЕДОСТИЖНА ВО СЛАЛОМОТ

Шифрин се врати на врвот во Сестриере

Микаела Шифрин го надмина разочарувањето од губењето на водството во саботната велеслаломска трка, со убедлива победа на неделниот слалом во Сестриере

објавено: 11 декември 2016 - 14:26

Шифрин во саботата имаше убедливо водство по првото возење на велеслаломската трка, меѓутоа имаше лошо второ возење за да падне на шестото место и да и дозволи на Теса Ворли да победи. Овојпат, Американката не направи грешка и на крајот победи со над една секунда предност пред Словачката Вероника Велез Зузулова. Швајцарката Венди Холденер го освои третото место.

Шифрин сега го зголеми водството во генерален пласман и има 105 поени повеќе од актуелната шампионка од Светскиот куп, Лара Гут, додека трета е Италијанката Софија Гоџија.

СЛАЛОМ (Ж) - СЕСТРИЕРЕ (ИТА)

1.Микаела Шифрин (САД) 1:37.80

2.Вероника Велез Зузулова (Свк) +1.09

3.Венди Холденер (Шва) +1.21

4.Фрида Хансдотер (Шве) +1.29

5.Нина Лесет (Нор) +1.73

Најново во Други спортови