АМЕРИКАНКАТА ТРИУМФИРАШЕ ВО ВЕРМОНТ

Шифрин со лесна домашна победа

Откако потфрли во саботниот велеслалом, Микаела Шифрин стигна до убедлива победа на вториот слалом од сезоната, трката во Килингтон, Вермонт

објавено: 27 ноември 2016 - 19:27

Шифрин ја заддржа предноста од првото возење и на крајот триумфираше со комбинирано време од 1:27.95, за 0.73 секунди побрзо од Словачката Вероника Велез Зузулова, додека подиумот го комплетираше Швајцарката Венди Холденер.

Ова е втора победа во две слаломски трки оваа сезона за 21-годишната Американка, која останува убедлив лидер во генерален пласман со три трки со 325 поени.

 СЛАЛОМ (Ж) - КИЛИНГТОН (САД)

1.Микаела Шифрин (САД) 1:27.95 (43.30+44.65)

2.Вероника Велез Зузулова (Свк) 1:28.68 (43.95+44.73)

3.Венди Холденер (Шва)  1:28.81 (44.24+44.57)

4.Нина Лесет (Нор)  1:29.29 (44.55+44.74)

5.Петра Влхова (Свк) 1:29.30 (44.84+44.46)

Најново во Други спортови