НИТУ ПАДНАТИТЕ ВРАТИ НЕ ЈА СОПИРААТ АМЕРИКАНКАТА

Шифрин со нова спектакуларна победа

Американската скијачка Микаела Шифрин успеа да победи на слаломот од Светскиот куп во Марибор и покрај тоа што помина преку скијачка врата која се тркалаше по патеката

објавено: 8 јануари 2017 - 13:50

Шифрин водеше со 19 стотинки од секундата кога се скрши вратата, по што успеа да остане на патеката и да ја врати предноста и да победи со идентични 19 стотники пред Швајцарката Венди Холденер. Фрида Хансдотер беше трета со 0.31 секунди послабо време.

Ова беше 27. победа во кариерата за Шифрин, со што е израмнета на третото место со Фил Мер меѓу американските скијачи, само зад легендите Боди Милер (33) и Линдзи Вон (76). Со 27 победи таа исто така го израмни рекордот на Ингемар Стенмарк за најмногу победи пред 22-риот роденден. Анемари Мозер-Прел води со 41 победа.

Шифрин има убедлива предност и во генерален пласман со 948 поени пред Лара Гут со 643 и Французинката Теса Ворлеј со 563. Во слалом, Шифрин има 500 поени, 110 повеќе од Вероника Велез Зузулова.

СЛАЛОМ (Ж) - МАРИБОР (СЛО)

1.Микаела Шифрин (САД) 1:39.61

2.Венди Холденер (Шва) +0.19

3.Фрида Хансдотер (Шве) +0.31

4.Петра Влхова (Чеш) +0.41

5.Нина Лесет (Нор) +0.88

Најново во Други спортови