ВО НАЈСИЛЕН СОСТАВ ВО ГРЦИЈА

ШК Алкалоид ја напаѓа европската титула

Македонскиот шаховски шампион Алкалоид ќе учествува на Европскиот клупски куп што ќе се одржи во Порто Карас, Грција од 11-18 октормври.

објавено: 10 октомври 2018 - 10:57

Шаховскиот клуб Алкалоид и оваа година ќе учествува на Европскиот клупски куп што ќе се одржи во Порто Карас, Грција од 11-18 октомври. Амбициите на европскиот шампион од 2016 година и минатогодишен вицешампион се високи, освојување на титулата.

Алкалоид ќе настапи со ист состав: Динг Лирен, Ју Јангјиу, Дмитри Јаковенко, Дмитри Андреикин, Павел Ељанов, Јури Криворучко, Трајко Недев и Филип Панчевски.

Во машка конкуренција ќе настапат 61 екипа од 47 држави. Поединечно рангиран прв е светскиот првак, Карлсен (рејтинг 2.839), а ВМ Лирен Динг (2.804) од Алкалоид е рангиран четврти.

 

Најново во Други спортови