БРИТАНСКИОТ ДОМИНАТОР ПО ТРИ ВТОРИ МЕСТА НА ВРВОТ ВО МАДРИД

Шпанија под нозете на Крис Фрум

Крис Фрум е новиот шампион од Вуелта Еспања, додавајќи ја титулата од шпанската трка на четирите трофеи од Тур де Франс и промовирајќи се во еден од најголемите велосипедисти на сите времиња

објавено: 10 септември 2017 - 20:34

Во „парадната“ етапа до Мадрид, четвртата етапна победа на трката ја забележа Италијанецот Матео Трентин, меѓутоа ниту тоа не беше доволно за да го помине Фрум во пласман на спринтерите, што значи дека Британецот покрај црвената маичка за победа во генерален пласман, дома оди и со зелената маичка.

27-годишниот ас на Тим Скај е првиот Британец со титулата од Шпанија, но и само третиот човек кој комплетирал ТдФ-Вуелта двојна победа во една сезона, и прв кој го направил тоа по поместувањето на Вуелта од април во септември во 1995 година.

Запрашан како овој успех котира на листата на човекот кој четири пати победи на Тур де Франс, Фрум вели дека ова било најтешката трка во кариерата.

„Ова е најтешката голема трка на која сум учествувал. Имаше нешто што се случуваше секој ден. Имав добри денови и имаше денови кога лежев на подот, крварејќи и мислејќи дека трката е завршена. Вуелта оваа годиан беше многу побрутална од Тур де Франс. Атмосферата на Вуелта е навистиан неверојатна и публиката секогаш е тука до тебе. Мислам дека подобро сум поминувал во Шпанија отколку во Франција“, додава Фрум, кој во 2015 година беше гаѓан со чаша урина по обвинувањата дека се допингува.

 

Најново во Други спортови