ПОЉАКОТ НЕ ЈА ПОВТОРИ ИСТАТА ГРЕШКА

Штох е по трет пат олимписки шампион!

Полскиот скокач ја одбрани титулата на олимписки шампион на големата скокалница на Игрите во Пјонгчанг, и дојде до третото злато...

објавено: 17 февруари 2018 - 18:30

Полскиот скокач ја одбрани титулата на олимписки шампион на големата скокалница на Игрите во Пјонгчанг, и дојде до третото злато...

После четврттото место на малата скокалница, една недела подоцна Камил Штох покажа зошто е голем шампион.


На поголемата скокланица долета до златниот олимписки медал откако освои вкупни 285.7 бодови благодарение на скоковите од 135 и 136.5 метри.
Среброто му припадна на „златниот" од малата скокалница во Пјонгчанг, Андреас Велингер од Германија, додека на третото место повторно застана Норвежанецот Роберт Јохансон.
Штох ги немаше најдолгите скокови на денот, но затоа пак доби највисоки оценки, што со компензацијата на ветрот му донесе ново злато во кариерата.
Со тоа се израмни со една голема легенда на овој спорт, Мати Никенен од Финска со третото индивидуално злато на Зимските Олимписки игри.
Повеќе медали од нив има само Симон Аман кој го освои двете скокалници во Солт Лејк Сити (2002) и во Ванкувер (2010 година).

Најново во Други спортови