ПРЕКИНАТА НИЗАТА НА ДОМЕН ПРЕВЦ

Штох и Кот за 1-2 полска победа во Лилехамер

Двократниот олимписки шампион, Камил Штох стигна до првата победа во новата сезона од Светскиот куп, откако во Лилехамер го „натскока" својот сонародник Мациеј Кот

објавено: 11 декември 2016 - 17:10

Штох беше најубедлив во првата серија со скок од 134 метри, за во втората да скокне 130.5 метри за да ја заработи победата со само 0.6 поени предност пред Кот, кој имаше скокови од 129.5 и 136 метри. Ова е 16. победа на двократниот олимписки шампион од Сочи. Прв подиум во кариерата забележи Германецот Маркус Ајзенбихлер со скокови од 128.5 и 135 метри.

Лидер во генерален пласман останува 17-годишната словенечка сензација, Домен Превц, кој триумфуираше во саботното натпреварување, со 360 поени, 52 поени повеќе од Норвежанецот Даниел Танде. Неговиот постар брат, Петер Превц, кој е актуелен шампион од СК, беше само деветти, откако во саботата беше на 30. место.

Најново во Други спортови