ПОЛЈАКОТ ЈА ПРОДОЛЖИ ПОБЕДНИЧКАТА НИЗА

Штох удвои во Висла

Камил Штох стигна до втора победа едноподруго на натпреварувањата од Светскиот куп во домашната Висла, за да се зацврсти на врвот во генерален пласман

објавено: 15 јануари 2017 - 18:30

Победата на елитната новогодишна турнеја „4 Скокалници“ како да го инспирираше Штох овој викенд во Висла, каде што досега немаше триумфирано ниту еден Полјак. Штох собра 271.7 поени за скоковите од 135.5 и 128 метри, за да го победи Норвежанецот Даниел Андре Танде со 270.5 поени (128.5 и 134.5 метри) и словенскиот тинејџер Домен Превц со 270.4 поени (130 и 132 метри).

Со новите 100 поени, Штох сега има 833 поени на врвот во генерален пласман, со 66 повеќе пред Норвежанецот Танде , додека Домен Превц, кој беше лидер пред полскиот викенд заостанува уште 16 поени на третото место.

Најново во Други спортови