ВТОР ТАКОВ ПОДВИГ ОД ПОСТОЕЊЕТО

ШТОХ СЛЕТА ВО ИСТОРИЈАТА: Успеав да останам фокусиран

Камил Штох стана само вториот во историјата кој победил на сите четири натпревари од турнејата наречена „четири скокалници".

објавено: 8 јануари 2018 - 21:40

Сиот притисок на овој свет, и очите на љубителите на ски-скоковите овие празнични денови беа усмерени кон она што се нарекува „четири скокалници", особено во местото Бишесхофен, каде беше последната станица на најпрестижната европска турнеја.

Факт е дека многумина кои се занимаваат со овој спорт и досега успеваа да „гребнат" две или три победи на турнејата, но кога беше најважно знаеја да „паднат".
Но не и Камил Штох, кој и порано знаеше да покаже дека може да се носи со притисокот на „морање".
И можеби Адам Малиш останува легенда на вој спорт во Полска, но тој го нема што сега Штох го има.

„Позитивно сум изненаден и помалку уморен. Ова е голема награда за мене, за трудот кој го вложувам целиот мој живот. Притисокот беше огромен, не само сега, туку во текот на целата турнеја. Успеав да останам фокусиран на работата, на она што треба да го направам" - рече 30 годишниот полски „летач", кој со оваа победа влезе во историјата.

Како втор, по Свен Ханавалд, на кого му пошло од рака да победи на сите четири натпревари на турнејата во Германија и во Австрија.

А со евентуално злато на Игрите, оние зимските во Пјончанг, би влегол и во оние спортски бесмртници.
Дали има некој кој може да се обложи дека нема да биде така на Олимпијадата во Јужна Кореја?

Најново во Други спортови