СЛОВЕНКАТА ПРОДОЛЖИ СО ИЗНЕНАДУВАЊАТА

Штухец го доби „комбото“ во Вал Д’Изер

Словенската атракција Илка Штухец стигна до третата победа оваа сезона, откако триумфираше на супер-комбинацијата во Вал Д'Изер, комбинирајќи го одличното спусташко возење со солиден слалом

објавено: 16 декември 2016 - 14:58

Штухец по двете трки имаше време од 2:40.33, за само 0.12 секунди пред Швајцарката Мишел Гисин и 0.16 секунди пред уште едно изненадување во новата сезона, Италијанката Софија Гоџија.

Штухец беше трета по утринскиот спуст, но скијачките пред неа, Австријката Корнелија Хитер и Американката Лорен Рос се специјалистки за брзински трки. Хитер заврши на 18. место, додека Рос беше 10.

Во генерален пласман лидер останува Микаела Шифрин со 498 поени, но втора сега е Гоџија со 407 поени. Третото место и припаѓа на актуелната шампионка од СК, Лара Гут со 393, додека Штухец има 345.

АЛПСКА КОМБИНАЦИЈА (Ж) - ВАЛ Д’ИЗЕР (ФРА)

1.Илка Штухец (Сло) 2:40.33

2.Мишел Гисин (Шва) +0.12

3.Софија Гоџија (Ита) +0.16

4.Венди Холденер (Шва) +0.58

5.Михаела Кирхгасер (Авт) +0.63

Најново во Други спортови