Ги заврши настапите со едно осмо и едно десетто место

Симоновски десетти во Романија

Македонскиот пливач Антониј Симоновски со пласман на десеттото место во дисциплината 100 метри грбно ги заврши настапите на Централноевропското првенство за кадети во Трговиште, Романија

објавено: 10 декември 2017 - 17:10

Македонскиот пливач Антониј Симоновски со пласман на десеттото место во дисциплината 100 метри грбно ги заврши настапите на Централноевропското првенство за кадети во Трговиште, Романија.

Симоновски зад себе остави само тројца пливачи со време од 1:03.99 минути.

Во дисциплината 200 метри грбно, пласманот е нешто подобар, а нашиот талент заврши на 8. место со испливано време од 2:20.08 минути.

 

Најново во Други спортови