СО 17 ГОДИНИ ДО ОЛИМПИСКО ЗЛАТО

Скоро го преспа финалето, пцуеше во камерата, па со пијаните пријатели го прослави златниот медал

Овој млад Американец дојде во центарот на вниманието на светските медиуми затоа што го освои златниот олимписки медал во сноуборд (слободен стил), откако за малку ќе задоцнеше на финалето!!!

објавено: 14 февруари 2018 - 08:00

Иако има само 17 години Ред Џерард е новиот олимписки херој во Пјонгчанг!

Овој млад Американец дојде во центарот на вниманието на светските медиуми затоа што го освои златниот олимписки медал во сноуборд (слободен стил), откако за малку ќе задоцнеше на финалето!!!
Имено, претходно, до доцна во ноќта Џерард ја гледал својата омилена ТВ серија, не се разбудил иако часовникот, односно алармот му биле поставени на бројката шест.
Дури после 20. минути, го разбудил неговиот цимер, Кајл Мек, кој знаел дека го очекува финалната пресметка.
И практично со сендвич во рацете, тргнал кон автобуската станица, кога сфатил дека останал без јакната, и во тоа брзање ја „позајмил" од цимерот.
А потоа, практично без потребен одмор, Ред ја „избриша" конкуренцијата, и стигна до златниот трофеј.
Кога се спушти долу на целната рамнина го чекаа неговите 17. пријатели, дојдени од Америка, а евидентно добро „загреани".

„Околу 8.30 часот ми пратија порака по „Снепчат“ дека доаѓаат со големи залихи на пиво. И навистина ќе беше многу глупаво да паднев во сите три возења а тие ме гледаат. Но сепак, не паднав. Одлично се забавуваа"- рече Џерард.

Ова е исто така подвиг за историја на САД, ако се земе в предвид дека ова момче стана најмладиот американски спортист кој победил на една Олимпијада уште од 1928 година.

 

 

 

Најново во Други спортови