АМЕРИКАНКАТА ПО ТРЕТПАТ СВЕТСКА ШАМПИОНКА

Слаломски хет-трик за Мики Шифрин

Американката Микаела Шифрин третпат едноподруго го освои златниот медал во слалом на Светските првенства по убедливата победа со 1.64 секунди пред швајцарската сензаија Венди Холденер во Сент Мориц. Швеѓанката Фрида Хансдотер беше бронзена

објавено: 18 февруари 2017 - 14:43

Ова е втор медал за Шифрин на ова СП и четврти медал во кариерата. Таа триумфираше во слалом во Шладминг во 2013 и во Бивер Крик во 2013 година. Во Сент Мориц таа беше незапирлива во второто возење, правејќи предност од секунда по третата мерна точка.

„Не го гледав времето до целта, но знаев дека имам добро возење. Три медали се супер, но ова е посебно злато бидејќи конечно скијав како што посакувам и тоа ми значи многу“, вели Шифрин.

Холденер беше хероина за домашните фанови, стигнувајќи до среброто, откако триумфираше во алпска комбинација минатата недела.

„Направив некои грешки, така што и ова е добро. Немаше шанси да ја победам Микаела денеска“, вели Холденер.

СЛАЛОМ (Ж) - СЕНТ МОРИЦ(ШВА)

1.Микаела Шифрин (САД) 1:37.27

2.Венди Холденер (Шва) +1.64

3.Фрида Хансдотер (Шве) +1.75

4.Петра Влхова (Свк) +1.89

5.Шарка Страхова (Чеш) +2.05

Најново во Други спортови