ВРВ НА АДРЕНАЛИНСКИТЕ ЛУДОРИИ

Како смртта да е шега: Канаѓанец одеше по јаже на висина од 300 метри - неврзан! (ВИДЕО)

Спенсер Сибрук е, веројатно еден од најлудите луѓе за коишто сте слушнале, или прочитале. Зошто? Затоа што тој ужива да оди по јаже на стотици метри височина и тоа - неврзан.

објавено: 13 август 2015 - 12:03

Дваесет и шестгодишниоот Канаѓанец, на 2 август месецов го урна светскиот рекорд и помина 64 метри по јаже и тоа на висина од 300 метри! Доволно е да го гледате овој подвиг и да ви се слоши, затоа што Спенсер се потпира исклучиво на своето тело и на својот ум. 

Морници и хорор-мисли му проаѓаат на секој гледач, кога тој ќе падне и за влакно ќе се задржи, сапсувајќи се од смртоносен пад во провалија.

„Ова го правам од возбуда. Се е во главата, во менталната сила. Тајната е да ги надминете стравовите и да направете нешто што знаете дека сте го вежбале сто пати претходно. Сакам да продолжам да одам по јаже и да одам на високо сѐ додека можам“, изјави Сибрук.

Потфатот се случи во Британска Колумбија, а рекордот е за седум метри подобар од претходниот. 

Најново во Други спортови