НОРВЕЖАНЕЦОТ СТАНА ГЛОБАЛНА ЗВЕЗДА ВО ПЈОНГЧАНГ

Со „аеродинамични мустаќи“ до бронза

Норвежанецот Роберт Јохансон не го освои златниот медал на малата скокалница во Пјонгчанг, но беше една од звездите на ова натпреварување.

објавено: 11 февруари 2018 - 11:10

Јохансон стигна до бронзениот медал во ски-скоковите на Олимпијадата, но неговите скокови не беа во центарот на вниманието, туку неговите мустаќи.

Оние кои ги следат натпреварите од Светскиот куи и порано можеа да го забележат неговиот стил.
Но Олимписките игри се нешто посебно, па практично преку ноќ, стана глобална ѕвезда.

„Почнав да ги пуштам пред две годони и од тогаш се ми оди како што треба. Од почетокот добивав комплименти, па одлучив да ги задржам"- рече Јохансон.

Инаку златниот медал на „малата скокалница" во Пјонгчанг го освои Германецот Андреас Велингер а помеѓу него и Јохансон се најде уште еден Норвежанец, Андре Форфанг.

„Се чувствувам фантастично. Од првиот ден на оваа скокалница се чувствував добро. И навистина е сјајно што стигнав до бронзениот медал. Овој медал многу ми значи. За ова работев откако бев дете. Ова е остварување на една од моите цели" - нагласи Норвежанецот со „жолтите долги мустаќи".

Следната шанса за уште подобар резултат Јохансон ќе ја има следната сабота кога ќе „летаат" од големата скокалница во Пјонгчанг.

Најново во Други спортови