ИНТЕРЕСНА ПЕТТА ЕТАПА НА ВУЕЛТА ЕСПАЊА

Соло победа за Луценко, мешаница кај фаворитите

Казахстанецот Алексеј Луценко (Астана) е победник на 5. етапа на Вуелта Еспања, откако успеа да го совлада Марко Халер (Катјуша-Алпесин) на 3 километри пред стрмното последно искачување во Алкосере

објавено: 23 август 2017 - 18:42

Казахстанецот успеа да ги издржи нападите на Мерхави Кудус (Дименжн Дата) на последното искачување за најголема победа во неговата професионална кариера, откако беше дел од групата од 16 велосипедисти кои се одвоија на 45 минути пред крајот на етапата.

Крис Фрум (Тим Скај) остана со лидерската црвена маичка и го зголеми водството во генерален пласман откако беше на чело на главната група со 4:31 заостанување зад Луценко. Кога Фрум забрза во последниот километар со него останаа само Алберто Контадор, Естебан Чавес и Мајкл Вудс. Фрум сега има 10 секунди предност пред Американецот Тиџеј ван Гардерен и 11 секунди предност пред Колумбиецот Чавес.

Најново во Други спортови